Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

За една недела, казнети 192 несовесни возачи во општина Центар

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во соработка со оваа скопска општина и сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 192 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Поточно, во периодот од 17 до 23 август, со помош на специјалните возила „пајак“ биле отстранети 94 непрописно паркирани возила, а со поставување „блокатор“ санкционирани биле 98 возила, кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле резиденти на секторот во кој биле паркирани.

ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА СЕ МЕНУВА СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Ноќна трка на пет и 21 километар

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – Изменето движењето кон гробиштата поради Задушница

ДЕСК

Левица: Во очи на „Скопје европска престолнина на културата“ – ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ

ДЕСК