Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Отворена истрага за скопјанец, кој без дозвола поседувал оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Пронаоѓањето на оружјето следувало откако осомниченот бил лишен од слобода од полициски службеници поради нарушување на јавниот ред и мир. Притоа тој почнал вербално да се заканува дека ќе употреби огнено оружје. Оружјето, пиштол ZORAKI M 906-B и 30 куршуми, кои осомниченото лице ги поседувало без дозвола, при извршен претрес биле пронајдени во помошни простории во домот каде што тој живеел со своите родители.

Заради обезбедување непречено водење на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост ,и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, задолжително јавување пред надлежен орган и привремено одземање на патната исправа.​

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +