18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ ги добива клучните ресори

Заев и СДСМ уште еднаш покажаа сериозен коалиционен капацитет и политички маневар, пишува Слободен Печат.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев доби полн четиригодишен мандат, а како што најави, ќе води Влада со амбиција да сработи дома на тема економија и правда.

Според извори на Слободен печат, СДСМ ги добива клучните ресори кои за граѓаните значат подобар живот: премиер, вицепремиер за економски прашања, вицепремиер за европски прашања, правда, транспорт и врски, внатрешни работи, образование, труд и социјална политика, здравство, култура, локална самоуправа, земјоделство и одбрана.

Заев и СДСМ, според оценките на дел од познавачите на политичките состојби во земјава, уште еднаш покажаа сериозен коалиционен капацитет и политички маневар со кој обезбедува сигурно владеење и мегдан за да се испорачаат резултатите дома.

– Заев покажа големина и доблест, самостојно им отстапи на ДУИ 100 дена премиерска позиција.
Нема веќе Пржинска Влада, нема веќе вештачки решенија од опозицијата како Наќе Чулев. ДУИ се принудени на повеќе транспарентност и повеќе отчетност од било кога – коментираат аналитичарите.

Решението кое се споменува за министер за финансии од редовите на ДУИ е Фатмир Бесими, човек кој важи за близок соработник на Зоран Заев, со тоа СДСМ не губи ништо, посочуваат тие, а државата добива квалитетен кадар.

извор Слободен Печат