Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Приведувања на неколку локации во Скопје

На 18.08.2020 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тајмишка“ ги лишиле од слобода А.М.(22) и А.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.08.2020 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Александар Македонски“ го лишиле од слобода М.З.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.08.2020 во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Стрезово“ ја лишиле од слобода Д.Џ.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР со предупредување

ДЕСК

СИЛНИОТ ВЕТЕР СОЗДАЛ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Паднати дрвја и оштетена инфраструктура на важни правци

ДЕСК