Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира полицијата, вчера во 17.46 часот било пријавено дека пред влезот на железничка станица Тетово, поточно од стојалиштето Ратае кон железничка станица Тетово, на патен премин, патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево удрил во патничко возило „цитроен“, со тетовски регистарски ознаки. Во возилото имало две лица кои се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Тетово.

За време на вршење увид, во периодот од 17.46 до 20.55 часот, железничкиот сообраќај бил во прекин, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК