Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Забранет влез во Грција преку „Евзони“ од 22 до 6 часот наутро

Министерството за внатрешни работи извести дека ќе биде забранет влезот во Грција преку преминот „Евзони“ од 22 до 6 часот наутро, а оваа мерка ќе биде на сила до 15 август годинава.

Вакво известување пристигнало од граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, според кое за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22:00 до 6:00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила.

За излез од Република Грција сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила. Мерката ќе важи до 15.8.2020 (сабота).

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК