28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕСМ: Неетички е во услови на елементарна непогода во РЕК „Битола“, ВМРО-ДПМНЕ да зборува за неспособноста на комбинатот

Неетички, нечовечки и неморално е во услови на елементарна непогода во рудниците на РЕК „Битола“, кога вработените вложуваат максимални напори да ги санираат состојбите и дури си ги загрозуваат и сопствените животи, ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции да зборува за неспособност на комбинатот, иако од опозициската партија се свесни дека и во услови на поплави, кои не се видени во рудниците во последните 25 години, РЕК „Битола“ успева да го одржи стабилно производството не електрична енергија, реагира ЕСМ на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека поплавата во РЕК „Битола“ е поради неодговорноста и неспособноста на власта.

„Ниските страсти на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат и денеска. Во истиот момент кога РЕК ‘Битола’ и вработените покажуваат највисока пожртвуваност за санирање на состојбата во услови на огромни дотоци на вода и поплави на откопните полиња на јаглен, опозициската партија пласира лажни вести дека непотребно се трошат пари за вода од страна на РЕК ‘Битола’. Ја известуваме јавноста, а ВМРО-ДПМНЕ ја потсетуваме, дека водата што во моментот се набавува е за вработените во РЕК ‘Битола’, особено за вработените во рудниците, каде што нема водовод и снабдување со вода за пиење“, пишува во реакцијата.

Од таму додаваат дека набавка за вода за рудниците е законска обврска за компанијата и таа е содржана и во колективниот договор.

„Таа е вршена редовно сите години наназад, а вршена е и во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ. Оттука, нехумани се прес-конференциите шото лица од ВМРО-ДПМНЕ ги одржуваат веројатно токму по налог на Мицкоски. Го покануваме партискиот претседател Мицкоски и лицата што ги изснесуваат лажните вести да дојдат во рудниците на РЕК ‘Битола; и да ја видат актуелната состојба на елементарна непогода и во таа пригода да се сретнат со рударите и со сите вработени и лично да им кажат дека нема потреба да им се дава вода за пиење“, се наведува во реакцијата.