10.3 C
Скопје
23. јануари 2021
Centar.mk – Дознај сѐ!
Бизнис

“Фокус”: Протести за цената на струјата или политички калкулации за подобри позиции во новата Влада?

Одлуката на Регулаторната комисија за енегетика со која се зголеми цената на струјата за 7,4 отсто, предизвика низа реакции во јавноста, а граѓаните се организираа и на протести против зголемувањето, анализира Фокус.

Анализите покажуваат дека просечната сметка кое едно домаќинство би ја плаќало за електрична енергија изнесува 1.751 денари, што е за 146 денари повеќе споредено со 2019 година кога просечната сметка за домаќинствата изнесувала 1.605 денари. Во истиот период, просечната нето плата во 2019 година изнесувала 25.215 денари, додека заклучно со мај 2020 година просечната нето плата изнесува 26.678 денари, што претставува зголемување од 1.463 денари. Ако пак го споредиме трошокот за електрична енергија како удел во просечната нето плата исплатена во мај годинава, пресметката покажува дека месечната сметка за електрична енергија учествува со 7,75 отсто.