Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница.

Џафери денеска ја напушта Клиниката за инфективни болести, каде беше хоспитализиран поради пневмонија и сомнеж за ковид-19.

„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“ изјави Џафери.

Инаку, седницата е најавена за утре напладне да се одржи во големата сала со купола, каде може да биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни.

Ќе се гласа со рака, со картончиња во три бои, зелена, жолта и црвена бидејќи во оваа сала нема инсталирано систем за гласање.

На секој што ќе влезе во собраниската зграда ќе му биде измерена температура а пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.

Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК