19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Вино од Македонија најдено во шишиња со хрватски етикети

Инспекцијата на хрватскиот Државен инспекторат во голема акција за борба против трговијата со фалсификувана храна и пијалоци, кај пет хрватски производители на вино, во шишиња обвиткани со хрватска етикета, пронајде вино од Македонија, Италија и Чиле.

Во голема акција на Еуропол и Интерпол – ОПСОН 2020, биле извршени вкупно 275 инспекции за контрола на етикетирање на вина и алкохолни пијалоци што се пласираат на пазарот, јавуваат хрватските медиуми.

„Кај пет вина, откриена била злоупотребата на хрватските традиционални термини; квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, а вината биле со потекло од Италија (две вина), Северна Република Македонија (едно вино) и од Чиле (две вина)“, објавено е на официјалната веб-страница Државен инспекторат во Хрватска.

Акцијата била спроведена во периодот од 20 јануари до 16 март.

И покрај пандемијата Ковид-19, биле спроведени вкупно 26.000 инспекции во сите земји. Како резултат, запленети се околу 12.000 тони нелегални и потенцијално штетни производи во вредност од околу 28 милиони евра.

Операцијата ОПСОН била поддржана од Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ), Европската комисија и Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија (ЕУИПО) “, се додава во соопштението.

Спонзорирано: