Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев во овој мандат не сработи апсолутно ништо. Не успеа да реализира ниту едно ветување кое го имаше во предизборна кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Ветуваа живот за сите граѓани, а живот дојде само за лицата блиски до СДСМ. Нема просечна плата од петстотини евра, нема нов клинички центар, нема 600 километри нов автопат, нема студентски градови, нема просечен раст на економијата од 5% годишно како што ветуваа пред да дојдат на власт.

Единствени нешто по што ќе остане запаметена оваа влада на СДСМ се криминалните тендери, рекетот, корупцијата. Граѓаните на Република Македонија не го заслужуваат ова“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со најнова прогноза – Времето се менува

ДЕСК