Centar.mk
БИЗНИС

Русија повеќе заработува од продажба на злато отколку на гас

Приходите на Русија од извозот на злато за првпат ги надминаа приходите од продажба на гас, покажуваат податоците на Федералната царинска служба и Централната банка на земјата.

Така, руските компании продадоа 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди долари во странство во април и мај.

Во истиот период испораките на „сино гориво“ му донесоа 2,4 милијарди долари на „Гаспром“, кој има монопол за извоз на суровини што се пренесуваат преку цевководи. Според Централната банка, тоа е минимална вредност за кварталот од 2002 година.

Според шефот на групата за процена на ризикот за стабилен развој на АКРА, Максим Худалов, таквата состојба се појави за првпат во историјата на модерната Русија.

Тој за порталот „РБК“ изјави дека извозот на гас, барем од 1994 година, традиционално донесе повеќе приходи отколку продажбата на злато.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 17 НОЕМВРИ – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк

ДЕСК

СРБИЈА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО ЗЕТОТ НА ТРАМП – Заврши проектот за луксузен комплекс на местото на Генералштабот во Белград

ДЕСК

ГОЛЕМА ТУЖБА ПО МАСОВНИОТ ПРЕКИН НА СТРУЈА ВО ШПАНИЈА – Repsol бара 120 милиони евра отштета

ДЕСК