Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Митрески од Струга: Очекувам дека граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и дека нашата држава ќе продолжи по евро-атланскиот пат

Изјава по гласaње на носителот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 5, Јован Митрески

Почитувани, почитувајќи го избирачкиот молк се до 21:00 но и вашата презафатеност во овој избирачки ден, ви доставуваме изјава од носителот на листа (Јован Митрески) за да може навремено технички да се обработи во вашиот медиум, но согласно законите да не се објавува се до 21:00

Денес го остваривме своето право на глас и очекувам дека граѓаните во голем број ќе излезат и ќе го остварат своето право на глас на овие избори.

Овие избори се важни затоа што се носи одлука за иднината на нашата држава. Од она што го видовме во изминатиот период покажавме дека можеме да организираме фер и демократски избори.

Институциите се одлично организирани од секој аспект посебно од аспект на заштита на здравјето на граѓаните.

Очекувам дека граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и дека нашата држава ќе продолжи по евро-атланскиот пат, онаму каде што ни е местото.

Можеби ќе ве интересира

ОДЛУКАТА СЕ БАРА ВО ВЕНЕЦИЈА – Владата побара меѓународно мислење за правосудниот испит

ДЕСК

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК