Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Комисијата за следење изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

Комисијата за следење евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето ја известува јавноста дека до 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса izbori@jorm.mk, на која граѓаните може да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани што се случиле денеска во текот на гласањето. Повеќето од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица што го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.

Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства, кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно преземајќи дејства за расчистување на настаните и утврдување на фактите.​

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК