Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за маж што крадел икони од црква

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 42-годишен скопјанец, кој крадел икони од црквата „Света Петка Исконска“.

Обвинителството му предложи на судот на обвинетиот да му ја продолжи веќе определената мерка притвор бидејќи постои опасност од бегство.

„Обвинетиот го сторил кривичното дело на 8 јули 2020 година во 22 часот кога, провалувајќи, влегол во внатрешноста на црквата ‘Св. Петка Исконска’, сопственост на МПЦ – Скопска епархија, на начин што со употреба на погоден тврд предмет го отворил прозорот на црквата. Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од света Петка Исконска, икона од свети Климент, икона од света Петка, икона од свети Нектарија Египски и икона од свети Илија“, велат од Обвинителството.

Кога ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500,00 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот.

Можеби ќе ве интересира

Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот, ќе ја одбраниме демократијата! – порачаа од СДСМ

ДЕСК

Визија на националната стратегија за образование – обезбедување квалитетно и инклузивно образование, достапно за сите

ДЕСК

Украден автомобил среде Битола

ДЕСК