Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на загинатиот прилепчанец во тешката сообраќајка синоќа

Триесет и петгодишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Велес – Прилеп.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 22 и 30 часот, кај селото Присад, прилепско, кога „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(26) од Прилеп, излетал од патот.

Во незгодата, сопатникот М.Х.(35) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК