26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Ја вративме слободата, вложуваме во човечкиот капитал, излезете и гласајте за бројот три, за повисоки пензии и плати, за развој и заедништво

Бесомпромисно се боревме да ја вратиме слободатаи успеавме, вложувавме во човечкиот капитал наместо во погрешни инвестиции, се боревме да ги задржиме младите тука дома, не ги бркавме од државата, се боревме за граѓаните а не ги уценувавме, решававме проблеми а не ги создававме, ги враќавме парите кај граѓаните. Ова е нашата заложба и за вториот мандат, рече Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2 на централната трибина на коалицијата МОЖЕМЕ во Скопје.

-Колку ли работни места ќе се отвореа ако 650 000 евра не отидеа за кич, барок, стиропор и лажен сјај. Колку ли платите ќе се зголемеа ако не се расврлаа пари на галии и на скапи палми, колку ли ќе се вложуваше во човечкиот капитал ако не се даваа парите за белата палата на ВМРО ДПМНЕ од која што гласно бараат обнова, а тоа значи обнова на режим. Тоа не смееме и нема да го дозволиме. Ја барам вашата поддршка на 15 јули, барам да ни дадете шанса за втор мандат, да излезете да гласате за бројот 3 затоа што бројот 3 значи повисоки пензии и плати, бројот три не носи на европскиот пат, бројот три значи напредок и развој, заедништво и благосостојба.