Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мисајловски: Граѓаните на Шуто Оризари да пријават ако некој ги уценува да гласаат

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборната единица 2, денеска ја посети општина Шуто Оризари каде што оствари средби со пензионерите и останатите граѓани.

Мисајловски истакна дека за време на средбата жителите побарале и доста работи каде што надлежна е локалната самоуправа, која, како што рече, за жал ништо не прави за повозрасните луѓе и пензионерите.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека по завршувањето на овие избори ќе продолжи со средби со граѓаните на Шуто Оризари.

Воедно упати апел до граѓаните да пријават доколку некој им се заканува или некој ги уценува до денот на гласањето.

„Би сакал да упатам апел до сите граѓани на Шуто Оризари, до сите Роми да излезат и да гласаат независно ако некој ги уценува и од која било партија, да го пријават тоа да се чуствуваат удобно за денот на гласање да излезат и да го дадат гласот за онаа партија што тие сакаат, но важно е да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули за бројот 14“, кажа Мисајловски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +