Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заболените од коронавирус и оние во самоизолација до утре може да се пријават за да гласаат

Утре истекува рокот за пријавување на лицата што се позитивни на Ковид-19 или се во домашна изолација, а кои сакаат да гласаат на претстојните избори.

Како што соопшти Државната изборна комисија, пријавувањето ќе заврши на 8 јули на полноќ.

Овие лица што сакаат да го остварат правото на глас, регистрацијата може да ја направат и преку апликацијата за пријавување на гласање, поставена на веб-страницата на ДИК.

Лицата во изолација ќе гласаат в понеделник, 13 јули. Оние што ќе се пријават за гласање, ќе бидат посетени во своите домови од посебни избирачки одбори, составени од тројца здравствени работници и претставници на партиите.

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК