Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јово Вангеловски обвинет за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, поради злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 30.11.2018 година во својство на претседател на Врховниот суд обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд, со кои им го утврдил додатокот на плата за ноември во износ од 35 % од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење висок ризик и доверливост.

Притоа, свесно, со намера потешко да ѝ ги повреди правата, обвинетиот не донел решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839,00 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа. Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од Правилникот за додатоците на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите донесен од Судскиот совет, со што го сторил кривичното дело, кое му се става на товар“, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +