9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ципрас: Заев не зборува за минатото туку за иднината, ниту за проблеми туку за решенија

Алексис Ципрас испрати предизборна подршка за Зоран Заев, со кого заедно го потпишаа Преспанскиот договор со цел да се надмине спорот, за на нашата држава да и се отвори патот кон Европа.

„Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Го препознав во него истото она што го покажуваат многу други лидери. Тој не зборуваше за минатото, туку за иднината. Тој не зборувашеза проблеми, туку за решенија. Тој не ги изразуваше балканските несигурности на мала европска земја која се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја која се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на Европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија.“ се наведува во поддршката на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дадена во пресрет на изборите.

Искажувајќи голема почит кон Македонците, македонскиот јазик и македонската литература и книжевност, Ципрас во писмото цитира двајца поети. Прво Блаже Коневски со стиховите:
„Уште рика истата мака во мене
дека сум роден во смачкано племе
сејач на глуво семе.“
А потоа, во продолжение, наведува Ципрас, слуша песна на надеж, па затоа пишува стихови од Владимир Мартиновски:
„Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време“
По овие поетски цитати следува неговата порака за изборите и повикот до гласачите.
„Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15-ти јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време.“- напишал Ципрас кој уште еднаш не потсетува на времето кога се потпишуваше Преспанскиот договор.

Заев, според него е прогресивен и храбар лидер.
„Три години не се доволни за да се исполнат очекувањата на една земја, но како што докажаа Зоран Заев, Никола Димитров и социјалдемократите, доволни се за да ја сменат судбината засекогаш. Има уште многу работа во ова ново поглавје од историјата и таа може да се направи само под водство на прогресивен и храбар лидер како Зоран Заев.“- пишува Ципрас.

Спонзорирано: