Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска се сретна со негувателките и персоналните асистенти

Носителката на листа на пратеници во ИE 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со негувателките од „Хуманост” и персоналните асистенти на лицата со попреченост ангажирани преку Црвениот крст.

На средбата Царовска разговараше за социјалната реформа со којашто се воведоа персонални асистенти и нега во домашни услови, но и за следните активности со кои е предвидено отворање и развој на социјални сервиси на локално ниво.

Царовска на средбата истакна дека изминатиот период како одговорна влада којашто се грижи за сите граѓани подеднакво е направено многу за лицата со попреченост коишто ја добија потребната помош и поддршка значајна за поголема инклузија во општеството. На состанокот се зборуваше и за можноста негувателките за нега во домот да се лиценцираат исто како и персоналните асистенти, за што трошокот за обуките и испитите ќе биде покриен од државата.

На ниво на држава во моментот 153 лица со попреченост користат услуга од персоналните асистенти.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

ДЕСК

Мицкоски: Предлог законот за пушење е донесен врз консултации на сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата

ДЕСК

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК