Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев кон Мицкоски на МРТВ: На ВМРО ДПМНЕ му е неопходен ветинг

„Ветингот во судството создава проблеми, но затоа можеме да направиме прочистување, секој индивидуално да одговара ако има пропусти, ќе им се провери имотната состојба и на судиите и на обвинителите, и да се знае кој е чесен судија, кој не е. Комплетна контрола или ревизија ќе направиме на дел од предметите на кои работеле судиите за да откриеме кој како работел и така да им оставиме шанса и простор на чесните. Од нас се очекуваше да направиме европски закони, го направивме Законот за Јавно обвинителство. Ги донесовме сите закони што ни беа обврска и покрај силните опструкции на опозицијата. Сега правдата зависи од самите судии и обвинители, не од нас, ние сме законодавна власт, тие се судска. Но, докажавме дека имеме капацитет за воспоставиме правда, ред и дисциплина.“- објасни Заев како ќе се реформира судството во дуелот против Мицкоски на МРТВ.

Заев му порача на Мицкоски дека ветинг е неопходен во ВМРО ДПМНЕ.

„Јас никогаш не сум се јавувал кај судии и обвинители, заврши тоа време кога ВМРО ДПМНЕ го контролираше правосудниот систем“- изјави Заев на МРТВ.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +