Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Моето име не го спомнува Дака, ги спомнува имињата на Зоран Заев и Драги Рашковски

Говорејќи за разговорот во кој се споменува името на Зоран Заев и генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дебатата на Македонската телевизја, посочи дека се споменува лице кое организира состанок кај Заев.

„Не знам за што се организира тој состанок, веројатно вие знаете. Јас не се спомнувам, не се споменува Христијан Мицкоски, се спомнувате вие. И вие последен пат на дебатата признавте дека сте имале средба со тој господин. Јас тој господин не го познавам. Доколку тој има докази дека дал толкава сума јас го повикувам веднаш да ја проширите кривичната пријава за поткуп, да се расчисти на кому му ги дал парите. Веднаш да ги активирате овие кривични пријави“, го повика Мицкоски, претседателот на СДСМ Зоран Заев на оваа втора телевизиска дебата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека мора да важи законот за сите подеднакво и сите вакви и слични ситуации да се земат во предвид.

„Мора да има важење на законот за секого, тоа не смее да биде секлективно“, потенцираше Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.