Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Држете дистанца од Мицкоски и не му давајте шанса на режимот да не зарази

„Знаете дека Мицкоски шеташе по кафани и теретани во време на забрани. Сега оди по собири со народот и допира храна, се поздравува со сите, не почитува дистанца. Затоа граѓаните мора да држат дистанца од Мицкоски оти тој е еклатантен пример за непочитување на мерките за заштита на здравјето. Вирусот можеме да го совладаме само ако почитуваме мерки. Секое водење грижа за здравјето, со маски, дистанца, дезинфекција, сето тоа е помош за здравствените работници. Мицкоски глумеше дека се грижи за здравјето, па не можело избори на 8-ми, ама можело на 15-ти, од пусти страв и инает. Како и да е, здраво е да имаме парламент, да имаме политичка влада, убеден сум дека сето ова ќе заврши успешно. Ние сме демократска и европска држава и на режимот нема да му дадеме никогаш шанса.“- категоричен беше во говорот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на предизборната трибина во Крива Паланка, на која беа претставени носителите во тројката, Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.

Заев уште еднаш искористи прилика да укаже дека времето на лажниот патриотизам на ВМРО ДПМНЕ е поминато и дека денес патриотизмот има нови форми, интеграција, развој, демократија…

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК