7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Заев и Филипче во Кавадарци: Секоја година до 10 отсто ќе ги зголемуваме платите во здравството

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и министерот Венко Филипче во улога на претседател на Комисијата за здравство на паријата, ја посетија општата болница во Кавадарци.

Во своето обраќање Заев посочи дека за неполни 3 години Владата на СДСМ направила многу во здравството, а особено го нагласи покачувањето на платите во здравството за 40%.

„Вработивме 780 нови лекари и 1.000 медицински сестри. Го подготвуваме здравствениот систем за можен втор бран на пандемијата, вложуваме 33 милиони во одделенијата за интензивна нега и продолжуваме со вработувања во јавно здравствените установи за да се јакнат капацитетите“, рече претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека со новата програма е предвидено секоја година да се зголемуваат платите на здравствените работници и соработници до 10%.

Филипче пак се осврна на тоа дека во болницата во Кавадарци се направиле значајни промени во изминатиот период.

„Ова беше една од првите болници која стана Општа болница, обединувајќи ги капацитетите на Општата болница и Здравствениот дом под една менаџерска палка. Со тоа се зголеми бројот на лекари специјалисти кои работат и во Службата на итна медицинска помош, зголемувајќи го бројот на тимови на оваа многу значајна служба, зголемувајќи го и бројот на возила“, порача Филипче и додаде дека сето тоа заначајно придонело да се скрати времето на повик во повардарискиот регион.

Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ посочи и дека во кавадаречката болница се направиле многу инфраструктурни поодбрувања, а како што рече, се набавила и медицинска опрема.

Можеби ќе ве интересира

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК