22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев од трибина: Државата има пари, ама сега одат кај граѓаните, не во споменици

„Имавме храброст да донесеме одлуки, носевме одлуки за миниалната плата, за просечната плата, имавме храброст за зголемување на платите во здравството, во образованието, на социјалните работници, на војниците во армијата. Имало пари, само што сега не одат во споменици фасади и врби, туку одат кај граѓаните. Враќаме пари преку апликацијата Мој ДДВ, преку 10 милиони евра. Сега прагот го зголемуваме, 9 600 денари годишно ќе може да врати граѓанинот од ДДВ.“- им говореше на стружани, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на предизборната трибина.

Тој побара уште еден мандат за да може да продолжат проектите, но и интеграцијата на државата.

„950 километри патишта имаме изградено, тоа што тие не можеа за 11, исто е и со странските инвестиции. Пензиите се покачени 1 700 денари во нашиот скратен мандат. Ќе продолжиме со социјалната помош кон 34 000 лица, ќе продолжиме со детскиот додаток кон 65 000 деца. Ние постоиме за граѓаните, да им служиме. Во време кога ги решивме најкрупните прашања, сега со чист мандат и тоа како можеме и повеќе и подобро.“- истакна Заев потенцирајќи ги економските успеси на СДСМ во изминатите две и пол години.