24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Силјаноска-Давкова: Ќе обезбедиме над 10 милиони евра за стипендии студентите и услови за вработување на 50.000 млади луѓе

Професорката Гордана Силјаноска-Давкова, носител во изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ, вчера во центарот на Скопје се сретна со млади и студенти при што истакна дека одличните студенти ќе бидат ослободени од плаќање за магистерски студии, додека, пак, тие кои имаат просек 8 ќе бидат ослободени од докторски студии.

„Во пониските степени од 2001 година не сме ги менувале курикулумите. Сега до тоа ќе дојде, ми се допаѓа дека ќе се вратат стручните училишта, математичките гиимназии, професионалната ориентација. Ако има исклучително талентирани ученици, ќе се пренасочуваат во посебни паралелки, и секој во една област да најде своја перспектива, а не како до сега, сè да учат како енциклопедии“, изјави Силјаноска-Давкова.

Силјаноска-Давкова потенцираше дека владата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбедува работа за најдобрите 500 студенти од државните универзитети, како и ќе издвои 40 милиони евра за подобрување на студентските домови и животот на студентите во нив. Таа посочи дека студентите мора да се чувствуваат како вистински академски граѓаните и затоа ќе бидат издвоени над 10 милиони евра за стипендирање на студентите.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ исто така се обврзува и на обезбедување услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за време на целиот мандат, но и ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра, како и месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години.