„Како левичари и како демократи веруваме дека ако народот има повеќе пари тогаш и државата ќе има. Иако бевме во здравствена криза сепак имаше плати, пензии, социјални трансфери, ќе има субвенции. Ние докажавме дека оваа земја има пари. Знам дека ќе успеме заедно. Заедно ќе се бориме за секој човек, за секое работно место. Ние покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните. Преку Мој ДДВ вративме 10 милиони евра, ја намаливме електричната енергија, ја укинавме радиодифузната такса, ги намаливме административните трошоци и сето тоа ги намали трошоците на граѓаните“- говореше за успесите лидерот на СДСМ на трибина во Центар, на која Никола Димитров и Мила Царвоска беа преставени како носители на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица.
Пред граѓаните потсети дека СДСМ, не постигна успех само на меѓународен план, туку водеше исправни политики и на домашен терен.
„ Стечајците колку рала чевли скинаа на протести, но сега се згрижени. Социјалната помош порасна за 300 проценти и за тие лица сега веднаш се бараме работа. младите преку активни мерки никогаш немале поголема поддршка од државата. Никогаш не се водела поголема грижа за лицата со посебни потреби. Им олсенивме на граѓаните со тоа што им ги намаливме трошоците, успеваме минималната плата да ја зголемиме на два пати и стигнавме до 14 500 денари. ВМРО ДПМНЕ критикуваше дека ќе има масовни отпуштања, но наместо тоа, ние отворивме 65 000 нови работни места. Денеска гледам ВМРО ДПМНЕ зборува за минимална плата и просечна плата, оние кои ги криткуваа покачувањата.“- ги редеше Заев резултатите постигнати во скратениот мандат на СДСМ.
Но, сега тој е уверен дека ќе следува нов мандат од четири години за да може да продолжат успешните политики поврзани и со економскиот развој, но и со интеграциите во Европа.
„Сега НАТО и ЕУ се завршена работа, решени се проблемите со Грција и Бугарија, ни послаа црвени теписи во сите светски и европски центри., Не ценат заради борбата за европските вредности. Имаме сериозен предизвик пред нас, сега сите работи зависат од нас. Сега ќе работиме и дома, реформи во правосудството, администрацијата, образованието, економијата… Успеавме да покажеме дека можеме, дека знаеме. Јас сум убеден дека ќе имаме пари за да стимулираме вистински модерен современ економски раст и развој. Имаме работлив народ, имаме добра географска дестинација, имаме паметни млади, сега имаме и шанса. Нема некој што не блокира, имаме само пријатели и сега од нас зависи работата, дали ќе ја искорстиме или ќе се вратиме кон режимот.“- ги повика Заев граѓаните да се определат за вистинската опција на 15 јули.