24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата во Македонија вечерва?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Р1203 Тетово – Јажинце од 20:40 часот е нормализиран и се одвива за сите видови на возила. На местото каде што се излеа Габровска Река кај с. Одри има стеснување на коловозот во должина од 100м. каде во текот на утрешниот ден ќе се продолжи со чистење на коритото на реката. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – с.Извор, на делот крак – с.Лазарополе, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), од 24.06.2020 (среда), сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11:00 до 13:00 часот. Овој изменет режим ќе трае се до завршување на градежните работи.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ:

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата донесе одлука да од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.