Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ: 72,5% од граѓаните ја поддржуваат идејата за премиер Албанец

Oд Демократската унија за интеграција информираат дека петицијата за нивната иницијатива „Јас верувам“ за избор на првиот премиер Албанец во Северна Македонија добила широка поддршка од албанските, но и другите гласачи.

„За само 24 часа петицијата е потпишана од повеќе од 5.000 лица кои силно ја поддржуваат иницијативата за избор на првиот премиер Албанец во Северна Македонија“, истакнуваат од партијата.

Од таму додаваат дека на страницата www.kryeministrishqiptar.mk граѓаните продолжуваат силно да ја
даваат нивната поддршка.

„На последните анкети објавени денес, повеќе од 72,5% од граѓаните ја поддржуваат идејата за премиер Албанец“, тврдат од партијата на Ахмети.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +