Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик или снимената порака.

„Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните, ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права“, соопштија од канцеларијата на Народниот правобранител.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК