17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ не знае или не сака безбедна кампања

Приоритет во пресрет на изборите е како политичките партии да организираат и да спроведат безбедна кампања и со тоа да покажат дека се грижат за јавното здравје. Ако кампањата биде 100 отсто безбедна тогаш тоа е гаранција дека и изборите ќе бидат безбедни, па гласачите полесно ќе се решат да излезат да гласаат.
Ова значи дека сега одговорноста е кај партиите и кај кандидатите за пратеници, како изборно да се престават на јавноста, а при тоа нивните активности да не се опасни по здравјето на луѓето. Дали ВМРО ДПМНЕ има капацитет за ваква кампања? Прашањето е логично ако се знае дека лидерот Мицкоски и други партиски функционери не покажуваат желба за почитување на владините мерки, дури на моменти во јавноста се добива впечаток дека како да сакаат да има зголемен број заразени со корона вирусот и како да имаат намера тоа да го злоупотребуваат во кампањата преставувајќи ја власта како неспособна да се справува со здравствената криза.

Непочитувањето на мерките за заштита од страна на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ само продолжува перидов со јавни партиски собири на кои не се почитуваат препораките за маска и дистанца, инаку започна уште од стратот на забраните кога Мицкоски беше фотографиран како оди во теретана, или како беше фатен од инспектори дека седи во затворен дел од кафана заедно со советникот на Чулев, Андоновски. Па дури и угостителот, пред очите на функционерие , не дозволи инспекторите да извршат контрола во кафаната.

Ако се имаат предвид ваквите постапки тогаш дали ВМРО ДПМНЕ сака безбедна кампања? Дали таквата кампања нема да влијае врз бројката на заразени, па ВМРО ДПМНЕ ќе го нема аргументот дека власта е виновна за новиот број заболени, иако изворот на заразата е точно утврден, потекнува од групирањата и прославите на граѓаните на кои не се почитувале мерки за заштита.

Дополнително, Мицкоски во јавноста се правдаше дека не ги знаел мерките за заштита па затоа седел во забранет простор, што недоликува на лидер на партија која постојано ги критикува владините мерки. Но, функционерите на ВМРО ДПМНЕ имаат време до стартот на кампањата да ги научат протоколите и да придонесат во заштита на јавното здравје.
СДСМ веќе соопшти дека во услови на глобална пандемија ќе организираат 100 отсто безбедни избори, но и безбедна кампања. На граѓаните ќе им се обраќаат преку видео и графички пораки преку социјални медиуми, пренос на видео конференции во живо преку интернет, гостувања во медиумите, спотови, веб банери.
Другата група активности се офлајн и опфаќаат билборди, печатени програми и летоци , информативно штандови, прес конференции, како и средби со граѓаните со ограничен публика од 50 граѓани на отворен простор и 30 во затворен простор. Секако дека присутните ќе мора да носат маски и да држат растојание од најмалку два метра. Оваа кампања СДСМ нема да прави посети од врата на врата.

Ваквиот пример е добро да го следат и другите партии и да придонесат кон безбедна кампања. Колку ВМРО ДПМНЕ ќе ги следи здравствените мерки и препораки ако се знае дека изминатите месеци покажуваат склоност да ги прекршуваат? Партијата на Мицкоски мора да престане со јавните собири во големи групи, а доколку ги прави со намален број посетители тогаш мора присутните да почитуваат дистанца и да носат маска. Ако не биде така тогаш ВМРО ДПМНЕ го ризикува јавното здравје.

Спонзорирано: