11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски за Сител: Имаме победничка, историска коалиција, со сите етнички заедници

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во вестите на Сител зборуваше за предизборната кампања, но и за значењето на коалицијата во која има партии од сите етнички заедници.

„Ние сме најновата, најголемата и историски првата коалиција која ги обединува сите етнички заедници во државата. Ние имаме и унифицирана програма, имаме проекти зад нас и нема од што да се срамиме. Минималната плата беше 9 000, сега е 14 500 денари, но ќе ја зголемиме до 40 отсто во следниот мандат, ќе се зголеми и просечната плата, ќе продолжи инвестицискиот бум, една милијарда евра странски инвестиции , 600 милиони евра ќе има за стопанството, го заокруживме НАТО и така станавме безбедна дестинација за инвеститорите, на прегот сме од Европската Унија, и овие политики ќе продолжат сега на ниво на коалиција.“- изјави Николовски.

Тој најави безбедна кампања во следниот период за да може граѓаните да се чувствуваат посигурни.

„Ние ќе имаме целосно безбедна кампања, и со тоа да оддадеме почит кон здравствените работници, пред се ние учесниците во кампањата, затоа ќе имаме облици на кампања преку која на дигитален начин ќе стигнеме до граѓаните. Први соопштивме дека нема да имаме митинзи и со тоа ќе го заштитиме здравјето на граѓаните. Само со почитување на мерките мораме да дадеме пример, а не со примери какви оние на опозицијата, со одењето во кафани и теретани, но и со предизборните активности.“- порача Николовски.

Во вестите на Сител, Николовски го коментираше и денешното потпишување на Кодексот за фер избори од страна на сите политички партии.
„Очекуваме голема срериозност од сите партии за време на изборниот процес и денеска сите партии го ставија потписот на Кодексот за фер избори. Помина периодот кога имаше злоупотреби на гласовите, кога се местеа изборите, а сега, во последно време имаме кредибилни и фер избори. Мораме да обезбедиме фер избори и демократски институции кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните.“- рече Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Спонзорирано: