Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Џафери го потпиша решението за распишување на предвремени избори на 15 јули

Претседателот на Собранието, Талат Џафери соопшти дека синоќа го потпишал решението за распишување на предвремени избори на 15 јули, по постогнатиот договор меѓу политичките партии.

„ Со оглед на тоа што наметнатите, неприродни услови со КОВИД-19, го одложија спроведувањето на предвремените парламентарни избори претходно закажани за 12-ти април 2020, известувам дека имаме нова ситуација. Имено, како што ви е веќе познато, политичките лидери во Република Северна Македонија постигнаа договор за закажување на нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата е 15-ти јули 2020. Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните.

Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на 15-ти јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната Изборна Комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот“ наведува Џафери.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК