Centar.mk
БИЗНИС

Доколку по грешка дониравте на „МОЈ ДДВ“, еве како ќе може да ја вратите дадената донација

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 156/20, во тек е поставување на опција за откажување на донацијата во апликацијата “МојДДВ” .

Со поставување на оваа опција, граѓаните кои погрешно го донирале својот поврат на ДДВ за периодот јануари – март 2020 година, ќе имаат можност да го променат одговорот, односно да се откажат од донацијата, се‘ додека е отворена опцијата за избор во апликацијата, но најдоцна до 30.06.2020 година. Со ова, износот на делот на данокот на додадена вредност за кој се стекнале со правото на враќање за првото календарско тримесечје во 2020 година ќе им биде исплатен на трансакциската сметка најдоцна до 30 јули 2020 година

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА – Дизелот достигна 100 денари, возачите утре ќе дознаат дали следува нова промена на цените

ДЕСК

УШТЕ 20 ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА – Најавено намалување на административните процедури

ДЕСК

ВОЛСТРИТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – Вредноста на технолошките акции се намали за илјадници милијарди долари

ДЕСК