5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Црна Гора има 62 милионери

Во Црна Гора има 62 милионери, односно граѓани кои имаат над еден милион евра на своите банкарски сметки, соопшти Централната банка на Црна Гора.

„Според месечните податоци доставени од страна на банките до ЦБЦГ на 30 април, 62 лица во Црна Гора имаат депозит од еден милион и повеќе евра, што е за четири помалку во однос на крајот на минатата година“, се наведува во соопштението.

Најбогатиот на сметка има 10,6 милиони евра.

Законот спречува објавување податоци за лицето кое има најдебела банкарска сметка, но ЦБЦГ соопшти дека граѓанинот не е црногорски државјанин, туку странец.

Повеќето милионери имаат меѓу еден и пет милиони евра на сметка, 58 од нив. Тројца имаат депозит од пет до десет милиони, а еден од десет до 20 милиони евра.

На крајот на минатата година Црна Гора имаше 66 милионери, а најголем индивидуален депозит изнесуваше 17,9 милиони евра. И тогаш тоа не беше црногорски државјанин, туку странец.

На почетокот на 2018 година Црна Гора имаше 64 милионери.

Спонзорирано: