Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка ја потресе Битола – момче пренесено во болница

На 27.05.2020 во 23.00 часот на крстосницата од ул.„Индустриска“ и ул.„Солунска“ во Битола, товарно моторно возило „пежо 208“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.М.(48) од Битола удрило во моторцикл „јиа јуе“ со битолски регистарски ознаки управуван од 17 годишен малолетник од Битола.

По незгодата сопатникот на моторциклот, 15 годишен малолетник од Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК