15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Монтенегро ерлајнс“ се огласи по контрамерките од Србија

По одлуката за одземање на дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, „Монтенегро ерлајнс“ соопшти дека Србија останува дел од сообраќајните планови на компанијата.

„Без оглед на оваа неочекувана одлука на Белград, Србија секако останува дел од сообраќајните планови на МА и ние ќе се обидеме да придонесеме за санирање на последиците од Ковида-19, од економски аспект, што е можно поскоро“, се вели во соопштението.

Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија претходно објави дека на авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Ваквата одлука следи откако Владата во Подгорица во понеделникот објави дека донела одлука од 1 јуни да ги отвори своите граници со голем број земји, но дека тие и понатаму остануваат затворени за Србија и Република Српска.

Спонзорирано: