4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

А1 Македонија со нов ексклузивен смартфон на пазарот

А1 Alpha 20 – најнова генерација на А1 телефони

Скопје, 19 мај 2020г. – А1 Мaкедонија го лансираше новиот А1 смартфон на пазарот – А1 Alpha 20. Овој уред е трета генерација на А1 смартфони, на кој му претходеа Smart N9 и A1 Alpha.

Опремен со 19:9 HD+ екран, високо-квалитетна тројна камера (48MP+5MP+2MP), 4GB RAM и 128GB вградена меморија, A1 Alpha 20 претставува еден од водечките модели во оваа класа. Со импресивниот екран и врвната камера можат да се направат високо-квалитетни фотографии, како и да се гледаат видеа онлајн без никакви потешкотии. Моќната батерија од 4000 mAh и гаранцијата за корисници од 3 години, која е единствена на пазарот, обезбедуваат траен перформанс и долгорочно уживање. Истиот, доаѓа во црна и светло-зелена боја.

Најновиот оперативен систем и селектираниот опсег на софтверски компоненти се гаранција за леснотија во користењето но, и за навременост на Android ажурирањата. Kако и за претходните A1 Alpha уреди така и за овој смартфон, А1 експертите од Групацијата помогнаа да се развие и интензивно да се тестира моделот А1 Alpha 20.

А1 Alpha е ексклузивно достапен во А1 Македонија, а при купување на смартфонот во тарифата A1 Neo M корисниците можат да го добијат за 169 денари месечно. Со ова А1 Alpha е најповолната понуда на пазарот, земајќи ја во предвид вредноста и квалитетот на уредот кои се добиваат.