Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Самото соопштение покажува колку контрадикторни во ставовите како опозиција

– Самото Соопштение покажува колку контрадикторни во ставовите како опозиција. Прво и основно, колку СДСМ се грижи за здравјето и животот на граѓаните е евидентно, заради тоа што како најголема политичка структура која што учествува во Владата, се покажа колку активно и колку успешно се справуваме со делот на здравствената криза, рече Оливер Спасовски за ТВ Клан.

– Исто така како Влада покажавме исклучителна сериозност на брзи и навремени одлуки кои што значаја и превенција , и зачувување на здравствениот систем и зачувување на здравствените капацитети на државата. И на крајот од краиштата се воспостави систем којшто функционира и ги штити граѓаните и здравјето и животот на граѓаните, од една страна, вели Спасовски.

Второ: Покажавме и сериозност и храброст во носењето на одлуки што се однесуваа на економски мерки и сите три сета на економски мерки ги донесовме врз основа на една опшезна анализа, во еден инклузивен процес во кои што разговаравме заедно сите, во кои што беа вклучени сите политички партии кои што учествуваат во Владата вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, не само преку учество на нивен министер во Владата, туку и преку економскиот совет којшто јас формирав и таму имаат свои претставници за кои што можам да кажам дека присуствуваат, разговараат, даваат свои предлози, мислења, сугестии итн. И се однесуваат конструктивно во тој дел, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК