-Кога имате избори разбирливо е да имате и политички судири, судири на идеи, на концепти, на програми итн. Во делот на изборите. Меѓутоа ние се наоѓаме во ситуација во која што треба да бидеме и на едно високо рамниште на политичка одговорност, е затоа кога зборувам јас за би рекол таков демагошки пристап на опозицијата дека некој од Владата не грижи, партијата не се грижи за животот и за здравјето и дека се интересира за некакви други бизниси итн. И замислете сето тоа ни го кажуваат луѓе од сегашна опозициона партија која што е втора по богатство како партија во Европа, со една огромна „Бела палата“ во Скопје, која што е направена во тоа време на режимот итн. И сега тие кажуваат дека некој сега не се грижел за интересите на државата, не се грижел за здравјето на граѓаните итн. Од една страна, рече вечерва за ТВ Клан, Оливер Спасовски, премиер на Македонија.
– Второ: Повикуваа секој ден опозицијата треба да одиме на избори, кога и да одиме на избори ние сме тие што ќе ја преземе власта итн. Сега одеднаш, после некое време сега не сме за избори, па ако може да ги направиме во септември, па да видиме како ќе биде итн, итн. Каде е државниот интерес во ова ситуација? Нема никаков политички интерес, тргнете го на страна, било која од политичките партии којшто ќе го стави политичкиот интерес пред интересот на државата и на граѓаните нема да добие ништо. Интересот е да ги комплетираме институциите на државата, институциите на системот, демократските институции да се воспостави демократски начин на владеење така како што беше во изминатите три години. Ако имаме состојба во која што вие немате функционално Собрание, која што не може да прави демократска контрола на Владата, па кажете ми која опозиција посакува да нема Собрание кое што ќе прави демократска контрола на Владата, вели Спасовски.