26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

“Сите кои примале помалку 15.000 денари месечно ќе добијат помош”

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев за Сител соопшти дека сите млади кои имаат до 29 години ќе добијат поддршка од државата со новиот трет сет на мерки.

Сите млади до 29 години, тука се прво сите студенти, тука се сите средношколци, секако нема да бидат опфатени млади кои што работат а имаат приход над 15.000 денари, зошто?

Заради тоа што имаме млади кои работеа во сектори кои што дури имаат и екстра профит како што е фармацијата, малопродажбата и другите дејности, рече Заев.

-.Но сите оние кои што се под приход од 15.000 денари, прво зборуваме невработените и примателите на социјална помош, после зборуваме за сите во државата што се под 15 значи тоа се вработени лица, пензионери, млади, стари, средна возраст сите за да може туристички да го искористат својот потенцијал и да одат некаде да летуваат а притоа да купуваат услуги од кафетерии, од ресторанти домашни прозиводи а тоа и за севкупното домошно производство и домашни услуги, целиот овој пакет од 350.000.000 евра верувам дека ќе биде голема помош, вели Заев.

– Ваучерот за туризам за да помогнеме на хотелите и угостителските објекти токму во летниот период и граѓаните да одат дома да одморат во текот на летото и преку тоа да ги помогнат туристичко угостителските објекти а секако и сите малди до 29 години, дополнително имаме и огромен пакет на мерки за стопанството, 25 милиони директни неповратни пари за фирмите, имаме 31 милион безкаматни кредити за микро и мали претпријатија, имаме дополнително гарантирање на 125 милиони евра поддршка на кредити на сите компании, имаме деден дел на 30% гранд додека се вработуваат млади доколку жени се менаџири или незнам се извосно ориентирани, инвентивни самите прокти итн, вели Заев за Сител.

– Сето ова во најголем дел од работите како пакет трет е грантови и неповратна помош, значи платешната граѓанска каритчка е гранд, таа се дава и за 30 дена треба да се потроши за може да се вбризгаат пари и да се дигне домашното призводство и домашните услуги..ваучерите во текот на летото треба да се искористат, мерката за младите за доедукација за ИТ, за обуки каде што со кофинансирање ќе направиме лесно вработливи млади преку ваквите мерки, треба преку текот на летото и есента да се истришат, а притоа гледате дека имаме ваучери за студентски домови, за ученички домови, за упис на факултетите и за други сместувачки капацитети под услов да се регистрират, тоа важи и за туризмот сакаме преку тоа да внесеме од неформаланата во формалната економија голем дел на нерагистрирани капацитети, рече Заев.