9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ЕБОР: Во 2020 година БДП на Северна Македонија ќе падне за 3,5 %

Северна Македонија ќе претрпи пад на БДП за 3,5% во 2020 година како последица од пандемијата на коронавирусот, наведува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во последното економско предвидување објавено во денешниот извештај. Банката очекува дека земјата ќе бележи раст од 5,5% во 2021 година.

Според последното издание на извештајот ЕБОР Регионална економска иднина, ранливоста на Северна Македонија од епидемијата е средна и е под претпоставка за привремено влијание од истата.

Во 2020 година економиите во регионите каде ЕБОР има свои канцеларии, можно е во просек да опаднат за 3,5%. Во 2021 година се очекува општ раст од 4,8% наведува извештајот, предупредувајќи дека проекциите се предмет на ,,несигурност без преседан”.

Главниот економист на ЕБОР, Беата Јаворчик изјави дека светот излегува од кризата, но неопходно е да се гледа кон идна соработка и поголема економска издржливост.

,,Кризата беше голем удар и излегувањето од неа ќе биде предизвик. Ова не е време за економски национализам и протекционизам, туку време за креирање на подобра иднина преку меѓународна посветеност на слободна трговија, климатски промени и економска соработка“, истакна таа.

Извештајот предвидува скромно влијание на кризата врз долгорочната траекторија на економските резултати, со раст од крај на третиот квартал, но со потенцијално значајни долгорочни економски, политички и социјални ефекти.

„Доколку социјалната оддалеченост продолжи подолго од планираното, рецесијата може да се продлабочи, со нивото на излезни показатели по глава на жител од 2019 година, кои не би можеле да се постигнат во наредните години”, стои во извештајот.

Можеби ќе ве интересира

Поскапеа цигарите, поскапуваат пратките од Тему и Али Експрес, а цените во маркетите — до плафон

ДЕСК

Колку ќе чини доларот, а колку еврото во петок? Курсна листа за 10-ти октомври 2025

ДЕСК

Министерството за финансии потврди дека ќе се оданочуваат и малите пратки до 22 евра – Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

ДЕСК