Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Боговиње

На 12.05.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Жеровјане-с.Боговиње, кај сточниот пазар за с.Боговиње, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“, управуван од Н.Н.(57) од с.Боговиње и мотоцикл „јамаха“, управуван од Ф.Р.(32) од с.Боговиње.

Во незгодата, мотоциклистот и сопатникот С.Р.(32) од с.Боговиње биле пренесени во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК