Centar.mk
БИЗНИС

Асоцијацијата на кабелски оператори АКО СИЗ Скопје не се согласува со идејата за фонд за поддршка националните медиуми

Соопштение на на Асоцијацијата на кабелски оператори АКО СИЗ Скопје:

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека Асоцијацијата на кабеслки оператори „АКО СИЗ Скопје„ не се согласува со намерата на Владата на Република Северна Македонија да се формира фонд за подршка на медиумите, а кој фонд ќе треба да го финансираат кабелските оператори.

Ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата која граѓаните на нашата држава во овие тешки времиња ќе мора да ја поднесат. Доколку Владата ја донесе Уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за подршка на „профитабилни„ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници, или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните

Можеби ќе ве интересира

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

C +

Филипче: Минимална плата од 600 евра е реална потреба

C +

Продолжува инвестицискиот циклус на Lidl во Скопје: Почна изградбата на маркет во Гази Баба

ДЕСК