Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата најави можност за користење на Фондот за солидарност на Европската унија формиран поради корона кризата

Владата на оваа седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за користење на Фондот за солидарност на Европската унија (ФСЕУ) за справување со финансиското влијание на КОВИД-19.

Во април 2020 година, како дел од Иницијативата за инвестициски одговор на коронавирусот ЕУ го прошири опфатот на ФСЕУ и тој сега вклучува и финансирање на активности поврзани со сериозни вонредни ситуации од здравствена природа поврзани со КОВИД-19, и обезбеди финансиска поддршка од околу 800 милиони евра за најпогодените држави, со што би се олеснил товарот предизвикан од итните мерки.

Пристап до овој фонд имаат земјите членки на ЕУ, како и земјите кандидати за членство во Унијата.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК