Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Отворањето на јавните објекти во Италија поместено за 18 мај

Од 18 мај во Италија се отвораат рестораните, кафулињата, баровите, фризерските и козметичките салони, продавниците, музеите и библиотеките.

На регионалните власти во Италија им беше дадена можност сами да одредат на кој начин ќе го спроведат олеснувањето на воведените мерки за борба против коронавирусот.

Отворањето на некои јавни објекти, кое првично беше планирано за 1 јуни, е поместено за 18 мај.

Одлуката која ја објави италијанската влада се најде под притисок на регионалните лидери, кои сакаа да им биде дозволено самостојно да формираат план за олеснување на мерките.

Според „Гардијан“, заштитните мерки ќе треба да се почитуваат кога ќе се отворат овие објекти, а рестораните ќе треба да обезбедат растојание од четири метри помеѓу масите.

Во последните 24 часа во Италија се регистрирани 744 нови случаи на заболени од коронавирус, што е најмал дневен пораст на бројот на заболени од 4 март.

Можеби ќе ве интересира

ЗНМ: Времето не смее да ја замени правдата за нападите врз новинарите

ДЕСК

НОЌЕН НАПАД ВО СЕМЕЕН ДОМ ВО ОХРИД – 44-годишен маж физички нападнат

ДЕСК

ПОЖАР ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ДЕБАР – Огнот избувнал на детскиот полигон, интервенирале пожарникарите

ДЕСК