Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Редици на бензинските станици – поскапуваат горивата

Редици на бензиските станици попладнево во Скопје по најавата за зголемување на цената на горивата, јави Локално.мк.

Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе биде 45,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена ќе биде 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

 

фото Локално.мк

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК