3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАТЕХНОЛОГИЈА

Го подигате мобилниот телефон за да фатите сигнал? – немојте да го правите тоа

Лошиот сигнал на мобилен телефон може да ви го уништи денот, особено ако се случи во незгоден момент кога ги повикувате семејството, сопругата, децата од странство …

Прашање – Што прават луѓето најчесто кога остануваат без сигнал?

Одговор – тие го подигаат телефонот во воздух, обидувајќи се да го “фатат” сигналот, што е можно повеќе.

Лин Жонг, професор по електротехника и компјутерски науки на Универзитетот во Тексас, вели дека подигнувањето мобилен телефон на небото, со надеж дека ќе добиете подобар сигнал, нема смисла.
 
Приемот на сигнал во мобилните телефони генерално е рамномерно распределен низ целата околина. Затоа, ако е лошо на некоја локација, ќе продолжи да биде така, дури и откако ќе го кренете телефонот над главата.

Професорот Лин Жонг тврди дека покорисно е да пешачите неколку десетици метри подалеку, ако можете, особено ако сте во град или некое друго помалку населено место.

На тој начин има можност да ја заобиколите препреката и да добиете подобар прием.